Достапни линкови

НАТО трупите згрешиле во идентификација на бунтовници ?


НАТО ја повлече изјавата дека двајца неименувани авганистанци кои загинаа во престрелка неделава биле бунтовници. Трупите на алијансата во понеделникот отворија оган врз конвој во источниот дел на земјата. Четворица загинаа во престрелката. НАТО првично соопшти дека двајца од загинатите биле „познати бунтовници“. Денеска Северноатланската алијанса ја смени изјавата и потврди дека е направена грешка при идентификација на загинатите. Отисоците од прстите на двајцата загинати биле регистрирани во воена база на податоци, што можеби значи дека убиените не биле бунтовници. Претседателот Хамид Карзаи тврдеше дека сите четворица загинати биле цивили.
XS
SM
MD
LG