Достапни линкови

Облакот вулканска пепел помина над Македонија


Подрачјето на Македонија веќе не е под влијание на облакот од вулканска пепел и прашина, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Вулканската пепел која изутрината стигнала над Македонија, била со мала густина и не претставувала никаква опасност, се дополнува во соопштението. Авиосообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се одвива без проблеми и се реализираат предвидените полетувања и слетувања, информираат од аеродромската служба. На аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ за денеска не се предвидени летови.
XS
SM
MD
LG