Достапни линкови

logo-print

Вардар и натаму поплавува во Тетовско


Нивото на Вардар во Полог не опаѓа и покрај тоа што од вчера напладне нема врнежи од дожд, јавува агенцијата МИА. Жителите на поплавените тетовски села Раотинце, Копанце и Туденце во текот на изминатата ноќ се обидувале да ги запрат надојдените води. Во најзагрозеното село Раотинце жителите интервенирале со 30 моторни пумпи со кои ја испумпувале водата од поплавените објекти, а на најкритичните места правеле и насипи од песок.
XS
SM
MD
LG