Достапни линкови

Претседателските избори во Полска на 20 јуни


Вршителот на должноста полски претседател Бронислав Коморовски денеска го потпишал указот според кој претседателските избори во Полска ќе се одржат на 20 јуни. До нив доаѓа по смртта на Лех Качински кој пред десетина дена загина во авионската несреќа во близина на рускиот град Смоленск. Според анкетите, фаворит на изборите е токму Коморовски, кој е претседателски кандидат на владејачката партија на премиерот Доналд Туск. Опозиционата конзeрвaтивна Партија на законот и правото предводена од близнакот на Лех Качински, Јарослав, се очекува в сабота да наименуваат свој кандидат. Според некои очекувања, тоа би бил Јарослав Качински.
XS
SM
MD
LG