Достапни линкови

Средба Јанукович- Медведев


Денеска во украинскиот град Харков ќе се сретнат претседателите на Украина и на Русија Виктор Јанукович и Дмитри Медведев. Официјален Киев се надева дека ќе биде склучен договор за испорака на гас, откако рускиот премиер Владимир Путин, по разговорите со својот украински колега Микола Азаров, изјави дека е оптимист оти ќе биде постигната спогодба. Новата влада во Киев бара пониски цени за увоз на рускиот природен гас, што ќе и помогне да го финализира предлог буџетот за оваа година и да го обнови кредитот од ММФ.
XS
SM
MD
LG