Достапни линкови

Кипарските Грци незадоволни од изборот на Ероглу


Изборот на Дервиш Ероглу за лидер на кипарските Турци ја усложнува состојбата на островот, изјави министерот за надворешни работи на Кипар Маркос Кипријану. Тој истакна дека меѓународната заедница инсистира на изнаоѓање решение за кипарскиот проблем. Во овој момент исклучително важна улога има Турција, која јасно треба да даде поддршка за постигнување решение, а не како досега да се крие зад лидерот на кипарските Турци Али Талат, изјави Кипријану. На претседателските избори во Турската Република Северен Кипар, што се одржаа во неделата, победи конзервативецот Ероглу, кој претходно се изјасни против федералниот модел и ја поддржува идејата за создавање две одделни држави на Островот.
XS
SM
MD
LG