Достапни линкови

Лукашенко: Нема од што да се плашиме


Белорускиот претседател Алјиксандар Лукашенко денеска изјави дека неговата влада нема да падне како што беше случај со власта во Киргистан. Тоа е апсолутно невозможно, изјави Лукашенко во своето обраќање пред парламентот. „Ние немаме од што да се плашиме“ рече белорускиот претседател. Инаку, Лукашенко денеска го прими екс - претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев, кој откако отстапи од функцијата заедно со семејството го напушти Киргистан, по немирите во неговата земја во кои загинаа осумдесетмина.
XS
SM
MD
LG