Достапни линкови

logo-print

Енергетска ефикасност на Штуловиот Универзитет


Универзитетот на Југоисточна Европа во иднина ќе троши се помалку електрична енергија, а просториите ќе се греат и ладат со помош на подземни води, сончева и енергија од ветерот. Ова е дел од проектот климатски акционен план за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија кој ќе се спроведе на универзитетот.

На овој начин на штуловиот универзитет ќе се спроведе Еко Кампусот со финален резултат нулта емисија на штетни гасови. Со климатскиот акционен план ќе се намали потрошувачката на енергија а универзитетот ќе стане водечки центар за енергетика и животна средина во целиот балкански регион, изјави ректорот Алајдин Абази.

Тој објект ќе се грее со алтернативни извори на енергија, ќе се лади преку лето и таква една зграда ќе ги има сите можни податоци што се потребни и енергетски гледано, но и за заштитата на човековата средина.
„Да се реализира еден објект кој ќе биде во првата фаза како ,,интелегентна" зграда, тој објект ќе се грее со алтернативни извори на енергија, ќе се лади преку лето и таква една зграда ќе ги има сите можни податоци што се потребни и енергетски гледано, но и за заштитата на човековата средина.“

Сите објекти кои се во склоп на универзитетскиот кампус ќе функционираат на овој начин. средствата кои ќе се инвестираат за користење на обновливите извори на енергија, ќе се вратат за 8 години, проценува ректорот.

„Иако тука има инвестиции меѓутоа ќе се види што побргу да се отплати таа инвестиција и институцијата да има сопствени алтернативни извори на енергија.“

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи смета дека проектот ќе придонесе Македонија да исполни дел од обврските кон Копенхагеншкиот договор.

„Ние активно учествуваме во проектирањето на овие обврски кои што во наредниот период убеден сум ќе започне после трансферот на технологиите со што реално ја покажуваме нашата ангажираност во борбата против климатските промени.“

Унивезритетот пари за еко кампусот доби од италијанската амбасада. Со 400 илјади евра ќе се реализира првата фаза за физибилити студија и останата докуменатација.
XS
SM
MD
LG