Достапни линкови

Работната група за уставни измени продолжува со работа во понеделник


Работната група за уставни измени, составена од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова демократија, во понеделник треба да го продолжи со разгледување на предлог измените на Уставот. Тие се договориле до утре да ги разменат предлозите подготвени во вид на амандмани заедно со првичен одговор за предлозите на другите политичките партии. На вчерашната прва средба на работната група биле изнесени експертски ставови во врска со партиските предлози за уставните измени.
XS
SM
MD
LG