Достапни линкови

Жителите на Шуто Оризари протестираат пред владата


Жители на Шуто Оризари и претставници на ромски здруженија денеска протестираа пред Владата изразувајќи загриженост поради инцидентот што се случи на 15 април на пазарот во општината. Тие бараат Владата и ромските политички партии да изнајдат соодветни методи со кои нема да се преземат легални мерки против лицата кои беа вклучени во инцидентот и против сопствениците на конфискуваната роба. Насобраните исто така бараат извинување од надлежните за, како што велат, несоодветните мерки преземени при акцијата на пазарната инспекција. Инцидентот се случи на 15-ти овој месец кога пазарната инспекција почна акција за одземање на фалсификувана стока која се продава на пазарот во оваа скопска општина. При крајот на акцијата дојде до судир меѓу жители на општината и полицијата кога дел од присутните почнале да фрлаат камења кон припадниците на полицијата.
XS
SM
MD
LG