Достапни линкови

Одложена заедничка воена вежба на Азербејџан и САД


Министерството за одбрана на Азербејџан ја одложи заедничката воена вежба со трупите на Соединетите американски држави која требаше да се случи идниот месец. Портпарол на министерството не даде конкретна причина за потегот на азербејџанската државна институција. Многу жители на земјата се незадоволни од Американските активности во Азербејџан по конфликтот во Нагорно Карабакх. Регионот е под контрола на ерменски војници од 1994 година. Советник на претседателот на Азербејџан минатата недела рече дека САД се пристрасни медијатори во aзербејџанско – ерменскиот спор.
XS
SM
MD
LG