Достапни линкови

Во Хрватска уапсен осомничен за воени злосторства


На граничниот премин кај Осјек, Хрватска синоќа е уапсен Франц Кос, за кого властите на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за учество во воени злосторства во Сребреница. Кос, поранешен припадник на десеттиот диверзантски одред на Војската на Република Српска, е осомничен за убиства на босански заробеници после освојувањето на Сребреница во 1995 година. Обвинителството на Босна и Херцеговина по итна постапка ќе испрати барање до судските власти на Хрватска за екстрадиција на Кос.
XS
SM
MD
LG