Достапни линкови

Неколку авиокомпании денеска продолжија со редовни летови


Неколку авиокомпании денеска продолжија со редовни летови од европскиот континент, по неколкудневното блокирање на воздушниот сообраќај предизвикан од облакот вулканска прав од Исланд. Европската агенција за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека денеска ќе се реализираат половина од закажаните летови, или околу 14.000. Во Британија, пак, повеќето летови и денеска се откажани. Индустријата деновиве пријавуваше штети од 200 милиони американски долари дневно поради затворениот воздушен простор над Европа, каде облакот вулканска прав се рашири по ерупцијата во Исланд.
XS
SM
MD
LG