Достапни линкови

Моратинос оптимист – датум за преговори до јуни


Шпанскиот шеф на дипломатијата Моратинос

Шпанскиот шеф на дипломатијата Моратинос

„Се надевам и овој пат дека би можел да најавам дека вашата земја би можела да добие датум за преговори до крајот на шпанското претседателство. Јас сум оптимист“, изјави шефот на шпанската дипломатија Моратинос по средбата со неговиот домаќин, македонскиот министер за надворешни работи Милошоски.

Со не помалку уверлив оптимизам од оној искажан и во претходните изјави, шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос и денеска настапи во Скопје по средбата со својот македонски колега Антонио Милошоски:
Се надевам и овој пат дека би можел да најавам дека вашата земја би можела да добие датум за преговори до крајот на шпанското претседателство. Целата наша енергија ќе ја насочиме во оваа функција и убеден сум дека целта ќе биде постигната. Затоа јас сум оптимист.

„Се надевам и овој пат дека би можел да најавам дека вашата земја би можела да добие датум за преговори до крајот на шпанското претседателство. Целата наша енергија ќе ја насочиме во оваа функција и убеден сум дека целта ќе биде постигната. Затоа јас сум оптимист“, рече Моратинос.

Ваквиот опимизам, шпанскиот министер го темели на своето искуство како и на напреднатата фаза и околностите во коишто сега се наоѓа регионот, додаде Милошоски.

Моратинос е во дводневна посета на регионот, при што ќе ги посети и Белград и Подгорица. А, главна тема на сите средби со клучните фигури од овие држави ќе биде нивниот напредок во евро интеграциите. Иако за сите беше очекувано и очигледно дека Шпанија во своите презентирани приоритети при преземањето на претседателствувањето со Унијата нема да го има ова прашање тие тоа набрзо се обидоа да го демантираат. Соцетот на министрите во декември си постави задача во текот на шпанското претседателство да го отвори уште еднаш прашањето на добивање датум за отпочнување преговори на Македонија со Унијата. Но, условот остана во овој шест месечен период да се реши прашањето за името.

Моратинос уште тогаш изјави дека неговата земја ќе направи се да помогне спорот да се реши, но изразуваше и оптимизам дека Атина и Скопје се многу блиску до решение.

„Двете страни работат под покровителство на ОН. Верувам дека во овој момент е подобро двете страни да разговараат меѓу себе со поддршка на ОН. Ако биде потребна европска интервенција од страна на шпанското претседателство ние сме подговени за тоа“, изјави тогаш Моратинос.

За таа цел, многу логично одлучив наскоро да отпатувам во Скопје за да го поткрепам овој став, изјави Моратинос во февруари. До крајот на шпанското претседателство останаа уште нешто повеќе од два месеци, но до сега решението на прашањето за името сеуште не е најдено. Моратинос при кусиот престој во Скопје ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, вице премиерот за евро интеграции Васко Наумовски, како и со пратеници во Собранието.
XS
SM
MD
LG