Достапни линкови

logo-print

Трговскиот дефицит останува голем


Како да се конкурира на неквалитетните ефтини увозни производи?

Како да се конкурира на неквалитетните ефтини увозни производи?

Македонскиот пазар е преплавен од увозни производи, а според економистите, како членки на СТО државата може да направи многу малку за заштита на домашното производство. Според нив, потребни се стимулации за зголемување на извозот.

Македонија како членка во Светската трговска организација и со отворена економија ќе мора да водеде дополнителни соодветни стандарди за увоз на сите видови производи, со кои генерално ќе ги заштити граѓните од неквалитетни производи, а фирмите од
Факт е дека Македонија во одреден временски период, пролетните и летните има вишок на млеко. Компаниите кои извезуваат во овој период би требало да добијат некоја дополнителна стимулација за тоа.
нелојална конкуренција. Во млечната индустрија, во делот на пастеризирано, млеко домашните производи се присутни мегу 30 и 40 отсто од вкупната потрошувачка. Јован Дабевски, кој има компанија за преработка на млечни прозиводи смета дека Македонија, како членка на Светската трговска организација и на Цефта, не може да ги затвори границите за увоз туку треба да настојува да биде поконкурентна за извоз. Едно од решнијата, според него, е државата да ја стимулира извозната цена.

„Факт е дека Македонија во одредени временски период, пролетните и летните, има вишок на млеко. Компаниите кои извезуваат во овој период би требало да добијат некоја дополнителна стимулација за тоа. Не би биле директна корист за компанијата што преработува млеко, туку намалување на извозната цена. На крајот на краиштата тоа државата би ја чинело малку пари, а производителот би бил поконкурентен во тој период.“

Слично постапуваат соседните земји кои, кога имаат вишок млеко ја спуштаат цената и ги продаваат своите производи кај нас. Ние треба да се навикнуваме дека конкуренцијата ќе зема замав и оти пазарните услови ќе ги одредуваат успешните. Тоа е всушност и подготовка за во ЕУ вели Ефтим Шаклев од Здружението на фармери. Но, тој нагласува дека е непоходно да се зголеми контролата на квалитетот на увезените производи.
Санитарните инспекции да водат повеќе сметка за тоа каква стока се увезува. Да се прави анализа, на секој кампион да се направат десет или 15 анализи.

„Санитарните инспекции да водат повеќе сметка за тоа каква стока се увезува. Да се прави анализа, на секој кампион да се направат десет или 15 анализи.“

Се создава впечаток дека сите имаат добивка зашто купувачите ги набавуваат производите по ниска цена и државата зароботува со наплатување царина и такси. Меѓутоа долгорочно гледано овој увоз доколку е на неквалитетни прозиводи ќе донесе повеќе штети.

Во земјава влегуваат големи количества текстил за кој се тврди дека е со послаб квалитет и главно од исток. На пазарот, домашните производи се застапени со 10 отсто, а останатите 90 отсто отпаѓаат на увоз. Текстилните компании кои работат за домашниот
Кој гледа бренд-не бренд. Поради сиромаштијата, луѓето купуваат, во прашање се пари, однапред знаат дека не е квалитетно, но сеедно.
пазар, во одредени периоди немаат работа и им се намалуваат платите, вели Ангелко Ангелов од Синдикатот на текстилни работници

„Неконтролирано, еве видовте што се случуваше. Кој гледа бренд-небренд. Поради сиромаштијата, луѓето купуваат, во прашање се пари, однапред знаат дека не е квалитетно, но сеедно.“

Во Македонија не може да се произведува според цените кои ги имаат увезените производи поради тоа што се набавуваат материјали за да се произведува, а и не може кај нас да се произведува за плата од 20 до 30 евра. Исто така и домашните стопанственици се согласуваат дека и сами мора да поработат врз квалитетот и конкурентноста. Во млечната индустрија домашните производи доминираат во неколку гранки, како сирењата, кашкавалот и ферментираните производи, како јогурт и кисели млека, каде што се застапени со над 90 проценти, додека во некои гранки како производство на овошни јогурти и намази доминираат странските производи кои некаде се застапени и 100 проценти, бидејќи нашите компании не ги произведуваат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG