Достапни линкови

Не помина интерпелацијата за Маневски


Собранието на Република Македонија доцна синоќа не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на министерот за правда Михајло Маневски. По 12-часовна расправа, „за“ интерпелација на министерот гласаа 16 пратеници, 65 беа против и немаше воздржани. Интерпелацијата ја поднесоа 23 пратеници од опозицијата на 26 февруари годинава со образложение дека таа е мотивирана поради непотизам во судството, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, узурпација на земјиште во општествена сопственост, екстремно лоши услови во затворите и политички притисок врз работата на судиите. Министерот Маневски ги отфрли наводите во интерпелацијата како неосновани. За пратениците од владејачкото мнозинство интерпелацијата била мотивирана од лични причини на некои политичари од СДСМ.
XS
SM
MD
LG