Достапни линкови

Шефот на шпанската дипломатија во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи и соработка на Шпанија Мигел Анхел Моратинос ќе престојува во официјална посета на Македонија. Шефот на дипломатијата на Шпанија- актуелниот претседавач во ЕУ, покрај со својот домаќин министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, како и со пратеници во Собранието. На средбите, како што најави Министерството за надворешни работи, ќе се разговара за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, како и за можностите за почнување на пристапните преговори со ЕУ.
XS
SM
MD
LG