Достапни линкови

Британците предупредуваат на засилена активност на исландскиот вулкан


Британската служба за контрола на летање синоќа издаде предупредување дека се засилува активноста на вулканот на Исланд и оти од него излегува уште вулканска прашина која се движи кон Британија. Предупредувањето е издадено во момент кога многу европски аеродроми денеска се подготвуваа да ги обноват летовите по петдневната блокада предизвикана од вулканската прашина. Британската служба наведе дека, како што е планирано, воздушниот простор над Шкотска ќе биде отворен, но оти не е сигурно дека ќе може да се отвори и просторот над Северна Ирска. Денеска може да се очекува деблокада на воздушниот простор над некои делови на Британија, но тоа веројатно нема да го вклучи и најголемиот лондонски аеродром Хитроу.
XS
SM
MD
LG