Достапни линкови

logo-print

Дополнителни патроли во околината на Бишкек


Дополнителни трупи патролираат во областа која се наоѓа блиску до киргистанскиот главен град Бишкек по насилствата во кои загинаа најмалку две лица. Во понеделникот етнички Киргистанци ги запоседнаа турските и руските домови во ова подрачје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени поголем број бунтовници. Во меѓувреме нема дополнителни информации околу тоа каде замина екс претседателот Курманбек Бакиев, кој во понеделникот го напушти Казахстан откако осум дена претходно избега од главниот град на неговата земја Бишкек, поради немирите во кои загинаа осумдесетина луѓе.
XS
SM
MD
LG