Достапни линкови

logo-print

Времето ќе биде променливо со повремен дожд


Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Утринската температура е во интервал од шест до 11, а дневната ќе се движи од 12 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во попладневните часови ќе има услови за појава на грмежи. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 16 степени.
XS
SM
MD
LG