Достапни линкови

Поротниците го прекинаа бојкотот


Судиите поротници го прекинаа бојкот и се вратија на работа на судењата во Основниот суд Скопје 1 и во Основниот суд Скопје 2. Бојкотот е ставен во едномесечно мирување по денешната средба на членови на Иницијативниот одбор на судиите поротници со претседателите на двата скопски суда. На поротниците им било ветено дека ќе им биде зголемен дневниот надомест за нивното ангажирање од 125 на 250 денари. Одлуката за намалување на надоместот на поротниците на 125 денари го предизвика бојкотот.
XS
SM
MD
LG