Достапни линкови

logo-print

Тојота плати казна за дефектните возила во САД


Јапонскиот произведувач на автомобили „Тојота“ се согласи да им исплати 16,4 милиони американски долари оштета на американските власти поради ненавремено информирање за потенцијално опасен дефект на педалите за гас во серија автомобили. Од јапонската фирма соопштија дека ја платиле казната поради тоа што не сакаат да се најдат пред суд. Во соопштението се додава дека компанијата смета дека не ги прекршила законите. Од „Тојота“ најавија повлекување на 2,3 милиони возила во Јануари поради проблеми со педалите за гас. Се работи за моделите „Корола“ и „Камри“.
XS
SM
MD
LG