Достапни линкови

Откажан самитот на ЕУ и Пакистан


Самитот на ЕУ и Пакистан нема да се одржи во среда како што беше планирано, поради блокираниот авионски сообраќај предизвикан од облакот вулканска пепел кој се прошири низ европскиот континент од Исланд. Како што соопштија пакистанските власти, самитот ќе се одржи на друг датум, што е можно поскоро. Станува збор за редовен годишен настан со кој ЕУ ја потенцира важноста на односите со Пакистан, посебно во полето на соработката при борбата со исламистичките милитанти.
XS
SM
MD
LG