Достапни линкови

Косовските власти ќе ја чуваат гранцата со Албанија


Претставници на НАТО денеска најавија дека до крајот на месецов косовските власти ќе ги добијат надлежностите за чување на границата со соседна Албанија. Командантот на КФОР, германскиот генерал Маркус Бентлер изјави дека пренесувањето на ингеренциите на косовската полиција се очекува да се случи на 28 април. Командантот на јужното крило на НАТО, адмирал Марк Фицџералд изјави дека пренесувањето на овластувањата на косовската полиција е позитивен сигнал, додавајќи дека „КФОР ќе го надгледува и помага процесот, а исто така и ќе советува“.
XS
SM
MD
LG