Достапни линкови

Моратинос утре во официјална посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Шпанија Мигел Анхел Моратинос утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Шефот на шпанската дипломатијата ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и со пратениците во Собранието. На средбите, како што најави македонското МНР, ќе се разговара за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, како и за можностите за почнување на пристапните преговори со Унијата.
XS
SM
MD
LG