Достапни линкови

Уставни измени


Зградата на Собранието на РМ

Зградата на Собранието на РМ

Албанските партии бараат во рамки на уставните измени да се вметнат и нивните предлози кои главно предвидуваат принципот на бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд. Засега ова барање е неприфатливо ниту за владеачката ВМРО ДПМНЕ, а против се и од опозицискиот СДСМ.

Претставниците на четирите најголеми политички партии во земјава зад затворени врати во Собранието ги изнесоа предлозите за промена на Уставот. Најспорни се предлозите од албанските партии, бидејќи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски изјавија дека барањата се надвор од Рамковниот договор и не се прифатливи. Ставовите на Нова Демократија ги бранеше професорот Осман Кадриу.
Бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд, бадентеровиот систем да се примени и при донесувањето на буџетот на државата.


„Бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд, бадентеровиот систем да се примени и при донесувањето на буџетот на државата, а по однос на Судскиот совет Нова Демократија предлага да и претседателот на државата во иднина да не биде еден од субјектите што ќе предлага членови на Судскиот совет.“

Идентични барања презентираше и ДУИ.

„Прво во однос на уставниот амандман со кој се одредува начинот на избор односно функционирање на Судскиот совет, второ во однос на начинот на донесување на одлуки за оценување на уставноста и законитоста на законите на Уставниот суд, трето во однос на начинот на уредување на Уставниот суд, четврто во однос на начинот на уредување на Републичкиот совет на јавните обвинители и измени од областа на економијата“,
Во однос на начинот на донесување на одлуки за оценување на уставноста и законитоста на законите на Уставниот суд.
вели претставникот на ДУИ во работната група, пратеникот Аднан Јашари.

Предлозите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на интервенција во делот на составот и мандатот на на членовите на Судскиот совет, односно член да не биде министерот за правда и претседателот на Врховниот совет. Од опозицискиот СДСМ бараат преиспитување на приватизацијата со што кривичните дела поврзани со транзицијата нема да застаруваат. На лидерската средба пред две недели беше договорено да се формира работна група со цел да се усогласат уставните измени. Откако нејзините членови ќе ја завршат својата работа ќе се оддржи уште една лидерска средба на која ќе биде донесена конечната одлука дали ќе има промена на уставот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG