Достапни линкови

Приведени триесет и седуммина лекари, соопштија од МВР


Полицијата утрово приведе повеќе од 30 лица осомничени за криминал околу издавање одлуки за добивање инвалидски пензии. Во рамките на акцијата, која Министерството за внатрешни работи ја нарекува „Метастаза“, направени се претреси во над 15 објекти. Триесет и седуммина лекари се товарат со обвинениа дека, дејствувајки како организирана група, ја злоупотребувале службената положба при издавањето на инвалидски пензии. Како што изјави портпаролот на МВР Иво Котевски, осомничените наводно на своите клиенти им барале по 1,500 евра за да им дадат право на инвалидска пензија. „Меѓу пријавените се членови на првостепената Комисија и второстепена ревизиона Комисија која одлучува по барањата за инвалидски пензии, 17 доктори од повеќе приватни и јавни здравствени установи, како и посредници кои ги пронаоѓале потенцијалните баратели на инвалидски пензии“ рече Котевски, посочувајки дека акцијата се уште трае.
XS
SM
MD
LG