Достапни линкови

Транзициони приказни


Битола
Битола

Битолчанката Цветанка Филиповска доживеа вистинска транзициска голгота. Со присилно извршување деновиве и беше одземен дуќанот во старата битолска чаршија, кого тврди дека го купила пред 20 години од поранешната југословенска фирма „Босна Бања Лука“, каде претходно работела.

Филиповска вели дека ги исплатила сите рати, за што на крај добила потврда, но не и купопродажен договор заверен во катастрар, зашто започнала војната во Босна.
Триесет години работам во овој дуќан, сум го купила 1990 година. Имаме документ дека дуќанот е доплатен. Бидејќи настана војната јас не можев да воспоставам веднаш контакт со мојата матична фирма. Барав адреси, да се сретнеме за да го разрешиме овој проблем. Но, војната не ми дозволи.


„Триесет години работам во овој дуќан, сум го купила 1990 година. Имаме документ дека дуќанот е доплатен. Бидејќи настана војната јас не можев да воспоставам веднаш контакт со мојата матична фирма. Барав адреси, да се сретнеме за да го разрешиме овој проблем. Но, војната не ми дозволи. Дуќанот е 37 квадрати, го дотерав, го доградив, покривот го сменив, плочи, излози...“, раскажува Филиповска.

По ова, се формирало друштво со ограничена одговорност за сите дуќани кои претходно и припаѓале на босанската фирма. Како тоа отишло под стечај, како дел од стечајната маса се нашола и битолската продавница за чевли. Сопственичката еднаш успеала по судски пат да ја спречи продажбата на дуќанот. Но, недоамна ликвидаторот повторно го огласил и бил продаден. Филиповска поабарала итно стопирање на извршувањето, поднесла тужби против босанската фирма за да ја докажи сопстевност. Се изгубила низ правните лавиринти, а за тоа време извршувањето било спроведено со полициска интервенција и новиот сопственик влегол во дуќанот.

„По втор пат тужам за да ја поништам продажбата. Судијката носи одлука дека е ненадлежна, а Апелација дека е надлежна да одлучува. Баравме итно издавање на времена мерка за да се спречи сето ова. Но, рокот воопшто не е почитуван. За итната мерка се решава три месеци. Ова е срамота“, додава Филиповска.

Во државата има многумина како неа кои откупиле дел од имотот на старите југословенски фирми. Но останале без комплетна документација, па ги загубиле недвижностите. Но, има и онакви кои го искористиле времето и за евтини пари се снабдиле со дуќани.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG