Достапни линкови

Пакистанскиот претседател веќе нема право да го распушти парламентот


Претседателот на Пакистан Азиф Али Зардари потпиша амандман со кој на шефот на државата му се одземаат неколку клучни права. Со осумнаесеттиот уставен амандман, кој Зардари денеска го потпиша, на претседателот на Пакистан му се одзема моќта да го распушти собранието и да го отпушти премиерот на државата. Потпишувањето на документот претставува „историска промена и чекор напред кон градење на демократски стабилна земја“ рече на денештана церемонија по повод потпишувањето премиерот на земјата Јусиф Раза Гилани.
XS
SM
MD
LG