Достапни линкови

Деветмина осомничени за тероризам уапсени во Авганистан


Во Авганистан биле уапсени девет лица за кои се верува дека биле членови на терористичка организација, соопштија властите. Портпаролот на авганистанската Разузнавачка служба изјави дека четворица осомничени биле уапсени во источниот дел на Кабул а останатите петмина биле собрани од исламско учичиште во градот. Полицијата исто така пронашла оружје, елеци и 200 килограми експлозиви. Министерството за надворешни работи на земјата, пак, соопшти дека еден војник загинал денеска во експлозија на мина. Експлозии денеска се регистрирани и во градот Кандахар, каде при транспорт се детонирал пакет експлозиви.
XS
SM
MD
LG