Достапни линкови

Бакиев замина од Казакстан


Министерството за надворешни работи на Казакстан соопшти дека екс-претседателот на Киргистан Курманбек Бакиев ја напуштил земјата. Портпаролката на државната институција потврди дека „Бакиев веќе не е на територијата на Казакстан“, не давајки дополнителни информации околу тоа каде заминал екс лидерот на Киргистан. Бакиев замина во Казакстан на дванаесетти овој месец, откако осум дена претходно избега од главниот град на неговата земја Бишкек, поради немирите во кои загинаа осумденсетмина. Протестите ги отпочнаа приврзаници на опозицијата во Киргистан, во знак на незадоволство од работата на владата на Бакиев.
XS
SM
MD
LG