Достапни линкови

Киргистан - Судири во Бишкек, протести во Џалалабад


Околу 1000 лица со палки и стапови се судрија со полицијата во предградието на главниот град на Киргистан, Бишкек. Ројтерс повикувајки се на полицијата јавува дека најверојатно станува збор за спор околу земјиште во предградието. Во меѓувреме, приврзаниците на остранетиот Претседател на Киргистан Курманбег Бакиев денеска протестираа во јужниот град Џалалабад. Околу 1000 луѓе носеа пароли против привремената влада. Бакиев ја напушти земјата и отпатува за Казахстан осум дена по крвавите протести против неговото владеење во Киргистан.
XS
SM
MD
LG