Достапни линкови

ЕУ: итна седница за „воздушната“ криза


Министрите за транспорт на Европската Унија денеска ќе одржат итна седница односно видео конференција за можно олеснување на ограничувањата, кои доведоа до затворање на голем дел од воздушниот простор над Европа поради вулкански пепел од Исланд. До разговорите доаѓа откако авионската индустрија го зголеми притисокот врз властите да преземат акција, бидејки загубите од откажаните летови чинат 200 милиони долари на ден. Околу 80 проценти од воздушен простор на ЕУ, во над 20 земји вчера беше затворен за комерцијални летови. Според Евроконтрол, од четвртокот се откажани 63.000 летови што погоди околу 7 милиони патници.
XS
SM
MD
LG