Достапни линкови

Ердоган е за претседателски систем во Турција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предложи воведување на претседателски систем во Турција. Ердоган изјави дека ова прашање ќе го иницира неговата партија да се разгледа во рамките на новиот устав, доколку победи на парламентарните избори што треба да се одржат догодина. Турските новински агенци јавуваат дека денеска треба да почне парламентарната дебата за веќе предложените уставни измени на партијата за правда и развој.
XS
SM
MD
LG