Достапни линкови

Авиокомпаниите бараат преиспитување на ограничувањата


Приземјените европски авиокомпании побараа денеска од воздухопловните власти итно преиспитување на ограничувањето за летање, поради страхувањето од можните последици од вулканскиот пепел на небото. Асоцијацијата на европските авиокомпании соопшти дека претрпеле огромна штета поради приземјениот авиосообраќај. Во соопштението на асоцијацијата е наведено дека ерупцијата на вулканот не е невобичаен настан, но постапките кои се применуваат во другите делови од светот не содржат вакви ограничувања.
XS
SM
MD
LG