Достапни линкови

Лукашенко: Бакиев добредојден во Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Киргистанскиот претседател Курманбек Бакиев е добредојден во земјата. Лукашенко го нарече Бакиев драг колега, кој во Белорусија ќе добие поддршка и безбеден престој за него и неговото семејство. Бакиев пристигна во Белорусија во четвртокот, откако беше протеран од Бишкек по крвавото востание и преземањето на власта од страна на опозицијата. Се уште не е познато колку време ќе му биде дозволено на Бакиев да престојува во Белорусија.
XS
SM
MD
LG