Достапни линкови

Раст на сиромаштијата во Индија


Нови 100 милиони луѓе во Индија живеат под границата на сиромаштијата, споредено со 2004 година, покажуваат официјални податоци. Процентот на сиромаштија во земјата, кој пред шест години изнесуваше 27,5 проценти, денес се проценува на 37,2 проценти. Во Индија сега има 410 милиони жители кои живеат под границата на сиромаштија, која е поставена на 1,25 американски долари дневен приход, согласно стандардите на Обединетите нации. Инаку, Бруто домашниот производ на земјата бележи раст, но во националната економија се бележи и инфлација на ценуте на прехрамбените производи.
XS
SM
MD
LG