Достапни линкови

Баросо бара сондажа на штетата од вулканската ерупција


Шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска нареди сондажа на загубите на европските економии од парализираниот авионски сообраќај, предизвикан од облакот вулкански пепел од Исланд. Станува збор за најдолго затворање на воздушниот простор над европскиот континент од единаесетти септември 2001 година, кога се случија терористичките напади на кулите близначки во САД. Авиокомпаниите пријавуваа милионски загуби од четиридневното затворање на воздушниот простор во централна и северна Европа. Денеска се преброени 4.000 летови од Европа а редовно биле закажани 24.000 полетувања.
XS
SM
MD
LG