Достапни линкови

logo-print

Погребан Лех Качински


Покојниот полски претседател Лех Качински денеска беше погребан во Краков, на гробиштата крај замокот Вавел. Посмртните останки на лидерот и неговата сопруга беа закопани покрај гробовите на полски народни херои и монарси. Денеска завршува неделата на жалост во земјата. На десетти април Лех и Марија Качински, заедно со уште деведесетина членови на владина делегација загинаа во рускиот град Смоленск. На погребот, меѓу другите, присуствуваше и рускиот претседател Димитриј Медведев. Вршителот на должноста претседател на Полска Бронислав Коморовски, заблагодарувајки се на подршката од Русија, изрази надеж дека пољаците ќе ја дознаат вистината за злоделата во Катјин, каде пред седумдесетина години се случи масакар на пољаци по наредба на советскиот лидер Joсиф Висаријоновиќ Сталин. Другите светски лидери, и покрај најавите, не присуствуваа на настанот, поради тоа што облакот вулканска пепел од ерупцијата во Исланд ги блокираше повеќето аеродроми низ централна и северна Европа.
XS
SM
MD
LG