Достапни линкови

Турција нема да ја отвори границата со Ерменија ?


Турција нема да ја отвори границата со Ерменија ако земјата не го реши територијалниот спор со Азербејџан, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Повторното отворање на границата меѓу Турција и Ерменија е обврска предвидена со договор кој претставници од двете држави го потпишаа во октомври минатата година. Во договорот, кој допрва треба да биде ратификуван, исто така се предвидува и возобновување на дипломатските односи. Турција ја затвори границата со Ерменија во 1993 година, во знак на подршка за Азербејџан каде етнички ерменци го окупираа регионот Нагорно Карабакх.
XS
SM
MD
LG