Достапни линкови

Уапсени тројца иранци во Малезија


Малезиските власти соопштија дека уапсиле тројца ирански државјани за кои постои сомнение дека се обиделе да прошверцуваат дрога во земјата. Тројцата иранци биле уапсени на аеродром. Двајцата спортисти и нивниот тренер се обиделе да прошверцуваат четири килограми метамфетамини сокриени во металните рачки на нивните куфери. За сега нема дополнителни детали за настанот. Повеќе од 40 иранци до сега се уапсени во Малезија поради обиди за шверц на дрога.
XS
SM
MD
LG