Достапни линкови

logo-print

Ирански режисер осуден на затворска казна


Познатиот ирански режисер и новинар Мохамед Ноуризад е осуден на три и пол години затвор и педесет удари со камшик, поради тоа што објавил три писма на врховниот лидер на исламската земја, ајатолахот Ал Каменеи. Ноуризад беше уапсен во декември минатата година. Новинарот ги објавил писмата на врховниот лидер во знак на протест против немирите кои во земјата избија по претседателските избори. Меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ во извештај наваедува дека за време на ланските протести во земјата загинале триесетмина. Од тогаш, повеќе од 100 лица беа повикани на суд, соочени со обвиненија за немирите.
XS
SM
MD
LG