Достапни линкови

Избори во Северен Кипар


Во Северен Кипар денеска се одржуваат претседателски избори, на кои околу 160.000 кипарски Турци со право на глас треба да решат кој ќе биде нивниот лидер на клучните претстојни преговори за обединување на поделениот остров. Во трката за претседател се седуммина кандидати, но главната битка ќе се води меѓу актуелниот шеф на државата, социјалдемократот Мехмет Али Таљат и конзервативниот премиер Дервиш Ероглу. Доколку ниту еден од кандидатите на денешнито гласање не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, тогаш на 25 април ќе се одржи втор изборен круг, во кој ќе учествуваат двајцата кандидати што денеска ќе освојат најмногу гласови.

XS
SM
MD
LG