Достапни линкови

Ковчезите на парот Качински пристигнаа во Краков


Ковчезите со посмртните останки на претседателот Лех Качински и првата дама на Полска Марија Качинска денеска пристигнаа во Краков. Парот, кој загина на 10 овој месец во авионска несреќа во Смоленск, Русија, беше превезен од Варшава со авион кој леташе под облакот со пепел, предизвикан од вулканската ерупција во Исланд. Многумина светски лидери кои го најавија присуството на погребот денеска ги откажаа патувањата поради проблемите кои ги предизвика облакот. Американскиот, турскиот и францускиот претседател како и лидери од Германија, Британија и претставници од Европската унија нема да присуствуваат во Краков.
XS
SM
MD
LG