Достапни линкови

logo-print

Воздушниот сообраќај и денеска блокиран


Воздушниот сообраќај низ поголемиот дел на Европа и денеска ќе биде блокиран поради ерупцијата на вулкан во Исланд, што предизвика ширење на облак со пепел. Три четвртини од летовите од европскиот континент веќе четврти ден се откажани. Околу 17.000 летови од централна и северна Европа нема да стигнат на планираните дестинаци, со што илјадници патници ќе бидат приморани да користат друг вид превоз. Денеска облакот вулканска пепел се шири кон Бугарија. Властите во земјата најавија дека ќе ги затворат аеродромоте. Македонската Агенција за цивилно воздухопловство, пак, им препорача на сите патници да се јават кај авиокомпаниите за да проверат дали летовите им се откажани или не. Авиокомпаниите јавија дека дневно губат по 200 милиони американски долари. Авиокомпанијата „Луфтханза“ најави дека ќе побара дозвола од надлежните за рестартирање на дел од своите летови во понеделник.
XS
SM
MD
LG