Достапни линкови

Експлозија на бомба во Пакистан


Седуммина загинаа а дваесет и петмина се повредени во експлозија на бомба во Пакистан. Експлозијата се случила во близина на полициска станица во северозападниот дел на земјата. Властите имаат основани сомнениа дека нападот бил извршен од бомбаш самоубиец. Денешната експлозија следи по вчерашното детонирање на две бомби во истиот регион, во камп за раселени лица на Обединетите нации. Во тој напад загинаа четириесетмина лица.
XS
SM
MD
LG