Достапни линкови

САД со нови планови за иранската нуклеарна програма ?


Американскот секретар за одбрана Роберт Гејтс верува дека претседателот Барак Обама и неговиот тим за безбедност ги имаат разгледано повеќето фактори во врска со иранската нуклеарна програма, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Морел. Изјавата од Пентагон следи по натпис во весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се констатира дека претседателот Обама и неговата администрација почнале да разгледуваат нови опции за тоа како да се справуваат со нуклеарната програма на исламската република, не исклучувајки ги воените интервенции. Весникот „Тајмс“, повикувајки се на изјави на неименувани владини службеници, пишува дека Гејтс испратил таен меморандум до Белата Куќа во кој се констатира дека САД имаат недостаток на „ефективна долгорочна политика за справување со сигурниот напредок на Иран кон создавање нуклеарни капацитети“. Од американскиот национален совет за безбедност соопштија дека администрацијата на американскиот претседател веќе со месеци прави планови за сите околности.
XS
SM
MD
LG