Достапни линкови

Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Македонија


Холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини
Холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини

Мислам дека решение за името може да се постигне. Се зависи од двајцата лидери како крајни донесувачи на одлуката во процесот, се зависи од политичката храброст и воља. Не мислам дека е лесно, прашањето е многу чувствително за двете страни, но ако сакаат да се изборат, може да се постигне договор.

Дали очекувате решение на спорот за името до јуни? Меѓународните претставници се оптимисти, но гледате ли вие реална можност за напредок еве и конкретно по закажаната средба на медијаторот кон крајот на овој месец?

Мислам дека е помалку важно дали меѓународната заедница гледа со оптимизам, од тоа дали двете влади коишто треба да постигнат конечно решение и да дојдат до взаемно прифатливо решение, гледаат со оптимизам. Така што, јас повеќе би сакала да видам реален оптимизам кај Македонија и Грција отколку кај меѓународната заедница. Се надевам дека можеме да бидеме оптимисти, мислам дека сите елементи се тука, дека нема скриени прашања околу кои до сега не се разговарало, јас така чувствувам, сега навистина се надевам дека двете влади ќе бидат во состојба, ќе покажат политичка храброст, политичка воља да дојдат до решение.

Што е со можноста да се дојде до решение до јуни?

Мислам дека тоа може да се постигне. Се зависи од двајцата лидери како крајни донесувачи на одлуката во процесот, се зависи од политичката храброст и воља. Не мислам дека е лесно, прашањето е многу чувствително за двете страни бидејќи двете страни се многу чувствителни околу ова прашање, но ако сакаат да се изборат, може да се постигне договор.

Ја поддржувате ли одлуката Претседателството со СЕ да се именува со придавката „македонско претседателство“?

Не станува збор дали мене ми се допаѓа тој назив за претседателството на Советот на Европа. Станува збор за тоа дека Македонија и Грција имаат меѓусебен договор и дали тоа е прифатливо според тој договор и дали тоа е прифатливо според резолуциите на Советот за безбедност на ООН коишто се однесуваат на прашањето за името како и последиците од тоа. Мислам, и тоа го проверив, дека Советот на Европа секогаш стриктно се држи до името Поранешна Југословенска Република Македонија како и во контекст на ЕУ како што е случај и во контекст на ООН. Така што не знам дали ова ќе помине.


Симонe Филипини
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:57 0:00



Мислите дека е ова добра идеја, добра стратегија?

Не знам дали е добра стратегија, но мислам дека постојат правила на игра коишто се востановени. Немам лично мислење за ова но до сега во меѓународен контекст, во официјалните меѓународни организации, Македонија беше нарекувана ПЈРМ се додека не се најде соодветно заеднички прифатливо решение за двете страни.

Што ако Македонија остане подолго време надвор од ЕУ и НАТО. Очекувате ли тоа да има влијание на меѓуетничките односи, на економисјта, безбедноста, да предизвика политичка криза?

Не мислам дека постои директна поврзаност меѓу тие две прашања, меѓу тоа дали вие сте во НАТО и ЕУ и меѓуетничките односи. Не би требало да има, затоа што овие две организации сакаат нивни членки да бидат само зрели држави кои што не прават проблеми, коишто имаат стабилна демократија и институции, така што тука нема директна поврзаност. Но се разбира дека истовремено е јасно дека неопходноста од членство во НАТО и ЕУ ја гледаат многу јасно многу Македонци. Ќе биде многу корисно за Македонија да стане членка така што може да се постави исто така прашањето од обратна страна. Кои предности Македонија ќе ги има од зачленувањето во НАТО и сите знаеме, неодамна случнав од моите колеги од земјите во регионот коишто веќе се членки на НАТО дека имаат голем прилив од директни странски инвестиции веднаш по поканата. Тоа ќе донесе стабилност, чувство на безбедност кај луѓето во Македонија, повеќе пари коишто им се прекупотребни на луѓето во социјално економски контекст, така што мислам дека има многу позитивни страни од зачленувањето во НАТО.

Што е со реформите. Мислите ли дека може да назадуваме или тие да стагнираа во очекување да се реши прашањето за името?

Секако се надевам дека не. Најпрвин, сите реформи коишто Македонија треба да ги направи, таа ги порави сама.Треба да се стане светски конкурентен и да се биде способен да се функционира во иднина во ЕУ но исто така и во поширока смисла, генерално, многу е важно за Македонија да ги имплементира сите реформи коишто се неопходни за нејзината економска конкурентност, да се унапреди демократијата, да се има многу посериозен политички дијалог. Има многу нешта коишто се важни за граѓаните на Р Македонија. Секако се надевам дека македонската влада и граѓаните нема да бидат обесхрабрени поради недобиената покана. Се надевам дека тие ќе продолжат да инвестираат со полна брзина.

Како гледате на неодамна усвоениот закон за антидискриминација?

Вие веројатно знаете дека јас бев еден од борците за усвојување на еден целосно европски закон во Македонија но за жал тоа не се случи, но јас сеуште велам дека чашата е до половина наполнета благодарение на големите напори на граѓанскиот сектор , неколкумина парламентарци и одредени владини претставници и меѓународни претставници, мислам дека еден дел од членовите коишто не беа гласани се вратени назад што е многу важно бидејќи станува збор за многу важни членови како што се членовите за недискриминација на маргинализиранои групи, сегрегација, исклучување. Се разбира се надевам дека остатокот од чашата ќе биде наполнaт многу брзо затоа што тоа е неопходно затоа што дискриминацијата на луѓето со различна сексуална ориентација се немаше доволно храброст или воља да стане дел од законот. Но, тоа ќе мора да се направи во секој случај. Како што знаете тоа е предуслов за членство во Унијата и забележете дека во Советот на Европа е донесена таква храбра одлука по ова прашање.

Очекувате некаква реакција од страна на ЕУ и дека критиките околу ова ќе бидат дел од наредниот извештај на ЕК?

Секако мислам дека ќе се повтори и во следниот извештај. Тоа епрашање коешто го засега секојдневниот живот, тоа е став, ако ги погледнете условите за членство ова е еден од оние коишто не се исполнети.

Очекувате ли реакција од ЕУ по одлуката во Парламентот да не се разгледуваат ревизорските извештаи и буџетот?

Мислам да. Вие знаете дека холандската ревизорска комора соработува со Заводот за ревизија во Македонија повеќе години наназад . Имаат многу добра соработка и се многу горди на напредокот во третманот на ревизорските извештаи во Македонија, имено на нивното дискутирање во Парламентот, на транспарентен начин ако тоа престане да се прави јасбио го сметала тоа за чекор назад. Мислам дека отворената дискусија е добра за власта и за институциите што ги финансира власта. Во основа преку даноците се собираат пари. Мислам дека е многу важно граѓаните да знаат каде одат или отишле нивните пари со цел да се подобри таа работа следната година.
XS
SM
MD
LG