Достапни линкови

logo-print

Не се знае дали Иванов ќе отпатува во Краков


Се уште е неизвесно дали македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе присуствува на погребот на покојниот полски лидер Лех Качински. Од кабинетот на Иванов соопштија дека поради актуелната ситуација со облакот пепел кој го зафати европскиот континент по ерупцијата на вулкан во Исланд, се уште не се знае дали македонската делегација ќе отпатува утре во полскиот град Краков. Според непотврдени информации, поради проблемите во авиосообраќајот, присуство на погребот до сега откажаа делегациите од Хрватска, Индија, Јапонија, Северна Кореја, Мексико, Нов зеланд и Пакистан.
XS
SM
MD
LG