Достапни линкови

Откажани летови од Балканот


Воздушниот простор над Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора е затворен за прекуокеански летови, јавија новинските агенции. Владата на Романија одлучила денеска да ги сопре сите авионски линии. Слична е ситуацијата низ поголем дел од Европа, поради облакот вулканска пепел кој го зафати континетот по ерупцијата во Исланд. Во долгата листа на земји каде воздушниот сообраќај е целосно или делумно блокиран се најдоа и: Британија, Франција, Германија, Швајцарија, Полска, Украјна и Белорусија. Се проценува дека околу 16.000, или близу две третини од сите летови од европскиот континент се откажани. Облакот предизвикан од вулканот е потенцијална опасност за авионите. Според изјави на експерти за американската телевизија „Си – Ен –Ен“ , моторите на авионите можат да ја стопат пепелта, создавајки стаклеста смеса која ги блокира подвижните делови на машината.
XS
SM
MD
LG